OURS - нашият и вашият сайт
Някои недостатъци на Windows Vista
Најновиот оперативен систем од Microsoft, Windows Vista наиде на многу полош прием отколку очекуваното. Интернетот е полн со дискусии во кои луѓето кои го купиле новиот оперативен систем се разочарани од Vista и се враќаат на Windows XP
Иако Microsoft за првпат во историјата пријави приход од над 50 билиони долари за фискална година, сепак нивниот нов оперативен систем е далеку од успешен. Парадоксално, иако не е успешен сепак се продава во големи количини на запад. Microsoft е познат по тоа што со уцена ги принудува големите продавачи на компјутерска опрема да го стават Vista на новите компјутери кои се продаваат. Сепак големите компании како Dell, Lenovo, HP, Acer беа принудени повторно да ги вратат продажните линии на Windows XP, откако клиентите пројавија голем интерес за Windows XP. Голем е бројот на оние кои купуваат нов компјутер со Vista преинсталиран за подоцна после многуте проблеми кои ќе ги снајдат да се вратат на XP. Сепак останува фактот дека Microsoft продава огромен број на лиценци за Vista кои воопшто не се ни користат и веднаш се заменуваат. Можеби за нас тоа е огромна сума за фрлање но за просечниот западњак воопшто не е проблем да замени. Големите негативности кои најчесто се спомнуваат кај Vista се:
Голема некомпатибилност со претходните оперативни системи од Microsoft. Постои голема веројатност хардверот или постарите програми да не работат на Vista, поради недостиг на драјвери.
Троши премногу ресурси. Оперативниот систем едноставно бара многу јак компјутер. Денес на пазарот дури поголемиот дел од новите компјутери кои се продаваат се бавни за Windows Vista а да не зборуваме за постарите компјутери.
Иако Microsoft вели дека нивниот нов оперативен систем е постабилен и посигурен од кој било претходен, сепак искуствата на новите корисници се сосем спротивни.

друго в категорията
Коментари
мислех, че сайтът е на книжовен български, а не на този диалект :/
Идеята на сайта е да представя нещата не в типичната им светлина. Не всичко трябва да се възприема буквално. Не мен статията ми прозвуча забавно - затова я и предложих.
Езикът е книжовен македонски.
по скоро е смешен диалект на българския език
zabavlqvah se,kyde na seriozno,kyde na 6ega!